Балканленд

Вечерва стартува првото полуфинале од изборот за “Песна на Евровизија”

Првото полуфинале на 61-от избор за “Песна на Евровизија” стартува денеска и истото ќе биде одржано во “Глоуб арената” во Стокхолм, а жирито и публиката од 18 земји ќе изберат десет финалисти. Оваа година, блогадарејќи на победата на Манс Зелмерлов со песната “Heroes”, Евровизија ќе се одржи во Шведска. Ова е веќе третпат Стокхолм да е домаќин на најгледаниот музички натпревар во Европа. На годинашното музичко натпреварување ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа и Австралија, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи на втората полуфинална вечер со песната “Дона”, под реден број осум.

Во првото и второто полуфинале ќе се претстават по 18 земји, од кои во финалето ќе продолжат по 10 кои ќе освојат најмногу гласови од публиката и стручното жири. Вкупно 20 земји ќе се придружат на постојаните учесници во финалето – Германија, Шпанија, Велика Британија, Италија и Франција, како и земјата која е домаќин – Шведска.

Eurosong 2016_Kaliopi pressВо првото полуфинале ќе настапат претставниците на Финска, Грција, Молдавија, Унгарија, Хрватска, Холандија, Ерменија, Сан Марино, Русија, Чешка, Кипар, Австрија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Исланд, Босна и Херцеговина и Малта. Во второто полуфинале, освен нашата претставничка, ќе се натпреваруваат и изведувачи од Летонија, Полска, Швајцарија, Израел, Белорусија, Србија, Ирска, Литванија, Австралија, словенија, Бугарија, Данска, Украина, Норвешка, Грузија, Албанија и Белгија.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: