Балканленд

Вечниот балкански романтичар Хари Мата Хари ќе ги топи срцата на “Пивофест 2016”

После потврдата за учество на овогодинешното четиринаесето издание на “Пивофест” од менаџментот на Аца Лукас и Каролина Гочева, од општина Прилеп ексклузивно за Специјализираниот македонски музички портал Музика24 откриваат уште едно големо балканско музичко име кое што официјално ќе се појави на сцената во Прилеп. Станува збор за популарниот Хари Мата Хари кој зад себе има голем број на познати старо-нови хитови.

“Ја немам снаге да те не волим”, “Црни снег”, “Седамнаест ти је година”, “Рузмарин”, “Прстен и златни ланац”, “Не ломи ме”, “Баш ти лепо стоје сузе”, “Страх ме да те волим”, “Кад доџе октомбар”… ќе бидат само дел од песните кои овој надалеку познат балкански пејач ќе ги исполни пред прилепската и македонска публика.

Hari Mata Hari

Ова нека биде уште една причина повеќе уште одсега да ја испланирате Вашата посета на градот под Марковите кули, градот на тутунот и градот каде што се случува најголемиот и најпознат “Пивофест” на Балканот, градот Прилеп. Не заборавајте, големата пиво забава започнува на 14-ти јули и ќе трае четири дена, односно, се до 17-ти јули каде на сцената ќе се појават голем број на македонски и балкански музички имиња.

Во продолжение, Ви предлагаме да слушенете само дел, можеби најпрепознатливиот и најголем хит од мноштвото хитови на романтичарот од Сараево, Хари Мата Хари.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: