Нашиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски ќе настапи во првата полуфинална вечер, која пак оваа година ќе се одржи на 19-ти мај во Виена, но, конечниот распоред сеуште не е познат. Истиот како што пишуваат европските медиуми, ќе се дознае на 16-ти март, кога во градот домаќин ќе се одржи состанок на шефовите на евровизиските делегации. Тогаш и дефинитивно ќе знаеме која позиција, односно на кое место ќе стартува нашиот преставник во полуфиналната вечер.
“Лисја есенски” е композицијата која што победи на македонскиот избор за песна на Евровизија, и истата ќе не претставува пред многубројнта милионска публика.
Подготви: Редакција Музика24