Балканленд

„Viva l’amore“ – нов летен хит на Неда Украден и група „Вигор“ (Видео)

Песната „Viva l’amore“ е нов хит на една од најпознатите пејачки на поп-музиката Неда Украден и осијечката група „Вигор“. По неколку заеднички настапи во Хрватска и Словенија, музичката дива дошла на идеја да снимат заедничка песна. Го чекаа вистинскиот момент една година, а веднаш ги освои песната „Viva l’amore“ на Раај и Ненад Нинчевиќ. Песната ја носи пораката дека животот треба да биде обоен со веселост, радост и задоволство, за што музичарите потполно се согласуваат, а е посветена на сите оние кои ја слават љубовта, кои не губат време на омраза, туку на создавање убави спомени.

Ваквата мека и весела песна бараше и разигран спот, па иако не е снимен на морскиот брег, сè е полно со балони, весели летни бои кои навестуваат топли денови кои ни претстојат. Реализацијата на видеото е потпишана од NEO VISUALS.

„Сите треба да си ги обоиме животите, па се трудиме тоа да го направиме со песна и спот“, се согласуваат Неда и Марио Рот, фронтменот на групата „Вигор“.

Новиот дует пристигнува по одличните синглови „Лаванда“ на Неда Украден и „Без тебе лудим“ на групата „Вигор“, кои со оглед на нивниот целосен концертен календар, секако ќе имаат можност заедно да пеат пред публиката.

Можеби ќе ве интересира: