Балканленд

На 28-ми јули во Несебар, голем балкански музички фестивал “Балканика Несебар”

На 28-ми јули на големиот стадион во Несебар, соседна Бугарија ќе се одржи голем балкански уникатен спектакуларен концерт со познати музички ѕвезди од Бугарија, Србија и Грција. Станува збор за “Балканика Несебар”, концерт за кој што организаторите велат дека ќе прерасне во традиција и дека на едно место секоја година ќе ги носат најголемите и најдобри балкански музички имиња.

Оваа година, на првото издани од “Балканика Несебар” учество ќе земат познатата српска фолк пејачка Индира Радиќ која зад себе има голем број на хитови, Зафирис Мелас познат грчки пејач, како и двете познати бугарски поп-фолк пејачки Анелија која што на сцената ќе ги отпее своите најголеми хитови заедно со бендот на Дани Милев и Тања Боева која всушност и ќе го отвори овогодинешното издание на фестивалот.

Balkanika NesebarОрганизаторите подготвуваат големо музичко шоу со многу интересни и оргнинални сценски ефенти. Музичкиот портал Музика24 како единствен македонски медиум е медиумски покровител на овој настан, а воедно наша новинарска екипа ќе биде на местото на настанот од каде и ќе Ве информираме за сите случувања поврзани со истиот.

Текстот го подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: