Балканленд

Во Нови Сад промовирана нова песна и љубовна поезија на Балашевиќ (Видео)

Вчера вечер во улицата Јован Цвијиќ во Нови Сад, пред семејната куќа на Ѓорѓе Балашевиќ, неговото семејство организираше презентација на антологијата поезија „Додир свиле“ за соседите, пријателите и почитувачите на неговото творештво. Новата книга содржи и необјавени песни, како и кореспонденција меѓу Ѓоле и неговата сопруга Оливера.

За прв пат беше емитувана досега непознатата песна на кантавторот, а неговите песни ги пееја тамбураши. Беа емитувани и делови од концертите на Балашевиќ и неговите говори. Децата на Алекс, Јован и Јелена и неговата сопруга Оља на присутните им раскажаа за убавите спомени и заедничките случувања.

Фото: Ненад Михајловиќ

Можеби ќе ве интересира: