Балканленд

За 500 евра Џоле и Гаги Џогани се испокараа

Веќе одамна е познато дека Гаги Џогани, основачот на групата “Фанки Џ” има големи финансиски проблеми. Она што е најново е дека Гаги неодамна од братот Џоле Џогани побарал на заем 500 евра кои ќе му ги врати до Нова година. Џоле навистина се налутил и му изнакажал сешто, бидејќи смета дека може да работи и да заработи, но е мрзлив. Инаку во јавноста се зборува дека Џоле е “поглаварот” на семејството и дека сите мораат да ги слушаат неговите совети и наредби, но Гаги се осудил од постариот брат да побара парична помош.

“Џоле многу работи, секој викенд тој и Весна имаат настапи и не е од оние луѓе кои се расипуват. Нему му е важно да има убав стан, тој, сопругата и децата да се убаво облечени, да вози добар автомобил и затоа не му е тешко да ја прифати секоја тезга. Неколку пати досега парично му помогна на Гаги, а капката која ја прели чашата беше кога му побара 500 евра на заем до Нова година. Џоле навистина се налути и му кажа сешто и дека смета дека може да заработи и да работи, но дека е мрзлив и полесно му е другите да го издржуваат. Се што досега Џоле му позајмил, тој не вратил, ниту пак Џоле тоа го бара од него. Знае дека нема, не беа големи пари во прашање, но неодамна Гаги претера. Тој наводно сега е некој ди-џеј, но никогаш нема пуштено музика и нема добиено хонорар за тоа. Ниту на Анабела и плаќа алиментација, бидејќи нема ниту за кафе. Џоле му кажа дека мора да стане сериозен и да почне да работи и да заработува за живот, а до тогаш да не му се јавува и не му се обраќа”, вели извор близок до семејството Џогани. Гаги рекол дека нема време за приказни.

“Немам време за глупости, немам коментар”, изјавил помладиот Џогани.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: