Балканленд

За жежок “Пивофест” – девојката со најубави нозе Рада Манојловиќ (Фото)

Не престануваат изненадувањата од општина Прилеп, тие уште еднаш потврдија дека кога вистинските коцки се склопат, тогаш се е совршено. Така е и овој пат, освен веќе споменатите музички имиња за кои веќе Ве информиравме во текот на денот, што туку добивме информација за уште неколку ексклузивни познати музички имиња кои ќе се обидат и ова пиво издание на најзапаметената и најбројна музичка забава да Ве забавуваат.

На претпоследната вечер, истата онаа кога ќе настапува и Аца Лукас, ќе настапи девојката која ја паметиме по “Ѕвездите на Гранд”, како и по учеството во улога на жири во едно од музичките реални тв шоу-а, Рада Манојловиќ. Интересна, згодна, убава… тоа се само дел од оние неколку нешта како накратко би ја опишале оваа позната српска пејачка која рака на срце секогаш досега кога и да гостувала во Македонија правела вистински забави. Веруваме и воопшто не се сомневаме дека со нејзините препознатливи “Мешај мала”, “Алкотест”… и многу други познати песни ќе Ви го привлечат вниманието и секако и Вие ќе бидете дел од големата пиво забава во Прилеп. Познатата српска пејачка својот настап на “Пивофест” дури и официјално го има објавено на својата официјална страна, како и останатите настапи ова лето.

Rada Manojlovic_nastap pivofest

Инаку, освен Рада Манојловиќ, овогодинешното издание на “Пивофест” ќе го збогатат и познатата ска-панк група од Белград “Самостални референти”, како и италијанскиот реге изведувач Рафаел кој доколку би го слушнале би сфатиле дека токму такво нешто досега недостасуваше на вака голема летна пиво забава.

Pivofest2016_plakat samostalni referenti Pivofest2016_plakat Rafhael

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: