Балканленд

Закажан погребот: Аки ќе почива во Алејата на великаните на загрепски Мирогој

Во саботата на 22 јануари нè напушти Аки Рахимовски, еден од најголемите вокални изведувачи, фронтмен на „Парни ваљак“ и неуморен музичар кој низ пет децении кариера со својот уникатен глас и неуморната енергија на изведба ги одбележа животите на сите генерации.

Со оглед на актуелните епидемиолошки мерки, менаџментот на бендот ги замолува сите кои сакаат да му оддадат почит да го сторат тоа од вторник, 25-ти јануари кај скулптурата „Бунарот на животот“ пред Хрватскиот народен театар во Загреб, каде што ќе може да се донесат цвеќиња и да се запалат свеќи. во спомен на овој единствен и голем музичар.

Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи во четврток на 27-ми јануари во 15 часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите. Во алејата се погребани и други познати личности од поранешна Југославија помеѓу кои: кошаркарот Дражен Петровиќ, актерката Ена Беговиќ, Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“, Кичо Слабинац и други.

Официјалната комеморација ќе се одржи во петок, на 28-ми јануари во 11 часот, во малата сала на „Ватрослав Лисински“ во Загреб, за најтесниот круг на колеги и пријатели.

Можеби ќе ве интересира: