Балканленд

Здравко Чолиќ објави нова песна, комплетен автор е Дино Мерлин (Видео)

Песната „Бирај ти“ носи носталгична приказна за спомените и сеќавањата на една стара љубов која се враќа, а чија судбина ја решава таа, жената која авторот ја нарекува Јелена.

Текстот и музиката на песната се напишани од Дино Мерлин, објави Индекс. Музичкиот аранжман е на Марко Стојановиќ Луис, а спотот за песната е снимен под режисерската палка на познатиот босанско-херцеговски режисер Арнеј Мисирлиќ. Како позадина за видеото е избрано виенското кафуле на култниот хотел Европа.

Неговите обожаватели до крајот на годината ги очекуваат бројни премиери на нови песни, кои ќе бидат увертира на 16-от студиски албум.

Можеби ќе ве интересира: