Балканленд

Жељко Бебек остана без својот бенд пред големиот јубилеј (Фото)

Жељко Бебек оваа есен најавува голем музички спектакл во Арената Загреб и турнеја по повод 50 години кариера, но се чини без својот стар бенд. Само еден месец пред концертот на Фејсбук се појави веста дека бендот со кој соработувал 10 долги години го напушта.

Објавата во која членовите на бендот им се заблагодаруваат на Жељко Бебек и неговата публика за повеќе од 10 години доверба и соработка, брзо беше отстранета, а потоа стигна објаснување од сопругата на пејачот, Ружица.

„Таа одлука не е донесена баш сега, трае долго време, само се договоривме да го направиме тоа што треба да се направи со нив. Вториот бенд е подготвен одамна“, рече Ружица и потврди дека нивниот син Звонимир продолжува да работи со својот татко.

Можеби ќе ве интересира: