Балканленд

Жељко Бебек со емотивна песна посветена на сите ќерки (Видео)

Легендарниот Жељко Бебек посвети песна на својата ќерка, како и на сите татковци кои еден ден ќе ги придружуваат своите ќерки до олтарот и избраникот на нивното срце.

„Kćeri moja, ljubav nek’ ti sja, nek’ te voli kao ja”, искрено секој татко ќе му посака на својота ќерка, а емоциите во тој момент ќе ги засилат стиховите: „Nisam manje muško, ako sada zaplačem, godine su prošle i bez da se okrenem“.

Прекрасните стихови на хитмејкерот Ненад Ничевиќ ги музицираше Бранимир Михаљевиќ, кој беше задолжен и за аранжманот. Заедно со славниот татко, идната невеста во спотот беше Катарина Бебек. Бидејќи и нејзиниот брат Звоне Бебек исто така се појавува во соло секциите на гитара, ова можеме да го наречеме вистинско семејно видео. Режијата на ова видео е доверена на Сандра Михаљевиќ, која е режисерка на многу спотови на Бебек.

Наскоро следува и дуетот на Жељко со неговиот син Звонимир, насловен „Какав отац, такав син“.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....