Балканленд

Жељко Самарџиќ подготвен за “Струмица Опен Фест”

Како што дознава музичкиот портал Музика24, Жељко Самарџиќ е веќе пристигнат во Струмица. Тој се чувствува добро, одлично е прифатен од домаќините и преку видео порака ги покани сите струмичани и сите останати на добра и луда незаборавна забава. Тој бечерва со почеток во 20.30 на Градскиот плоштад ќе настапи на големата Опен сцена на овогодинешното издание на “Струмица Опен Фест”. “Амадеус Бенд” кои според официјалната програма настапуваат пред Жељко, треба да пристигнат секој момент во најисточниот град – градот Струмица кој деновиве е мета на сите музички случувања.

Утре наутро во Македонија пристигнува рок групата “Рибља Чорба” кои ја отвораат утрешната музичка програма, додека според организаторите, познатата хрватска најозборувана деновиве и секако најпосакувана поп пејачка Северина ќе пристигне доцна утре вечер, која што воедно ќе настапи на последната фестивалска вечер од “Струмица Опен Фест”, а со тоа ќе има и чест да го затвори второто издание на овој голем забавно-музички настан кој што се случува во Струмица. Ако деновиве сте слободни и патот Ве носи во источниот дел на Македонија, без размислување посетете ја Струмица и уживајте во музичката програма на градот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: