Балканленд

Жељко Јоксимовиќ премиерно отпеаа неснимена песна од новиот албум (Видео)

Жељко Јоксимовиќ синоќа на концерт во Загреб ја отпеа песна која се уште не ја снимил, а ќе се најде на неговиот нов албум. Како што изјави пред публиката, ова го прави првпат во животот и тоа е негов подарок за сите што беа присутни.

“Решив вечерва да ти подарам нешто, што никогаш во животот не сум го направил. Знаете дека подготвувам нова плоча и дека сето тоа е, некако блиску, но Александра Милутиновиќ ми напиша прекрасна песна и размислувам да направам преседан вечерва во Загреб, да испеам песна што ја немам уште снименo. Но, ве молам, нека остане меѓу нас”, рече Жељко, а потоа отпеа нова песна.

Можеби ќе ве интересира: