Балканленд

24 Промо: Цветелина Јанева и Фики – “Не ме оставјај” (Видео)

После пет години, познатите Цветелина Јанева и Фики, кои се дел од бугарската музичка сцена и се едни од најбараните по летните дискотеки и ноќни клубови, во текот на вчерашниот ден го промовираа нивниот најнов дует, најновата заедничка песна “Не ме оставјај”, која веруваме ќе биде хит како и многуте наназад, имајќи впредвид која музичка продукција стои зад нив.

Музиката и аранжманот се на Даниел Ганев, познат бугарски композитор. Интересно е овој пат што во создавањето на музиката свое учество има и познатиот пејач Фики. Текстот за оваа песна го напиша Мариета Ангелова, која е една од најпознатите текстописци во соседна Бугарија.

Откако ќе го погледнете видеото првото нешто што ќе го помислите е дека ова видео е снимено некаде на некој луксузен осторв, некаде далеку, а верувајте, видеото што ќе го погледнете подолу е снимено во Бугарија, сакајќи да ги промовираат воедно и убавините на морето и самата земја.

Погледнете го нивниот најнов видео спот за новата хит песна “Не ме оставјај”.

Можеби ќе ве интересира: