24 Промо: Дино Мерлин – “Ми” (Видео)

Како што беше најавено така и се случи, во текот на денешниот ден (29-ти октомври) во 20 часот на официјалниот YouTube канал на Дино Мерлин беше пуштен видео спотот за неговата најнова хит песна “Ми”. Песната е дело на Дино Мерлин, Mahir Beathouse, Ozan Bayraşa и Adis Sirbubalo. Истата е снимена во Long Play Studio во Сараево, додека мастерингот е направен во Ozinga Productions во Истанбул.

За видео спотот да изгледа онака како што изгледа, светски и професионално, се погрижи Kukla се сета екипа составена од стотина професионалци кои стојат зад овој нов проект на балкански познатиот пејач Дино Мерлин.

„Ми“ е песна за нас во светот кој се менува и нас кои се менуваме заедно со светот, го сакале тоа или не. Дали тоа ќе биде промена на подобро не зависи само од светот, туку и од нас”, вели Дино и додава:

“Во ова време на пандемија уште еднаш гледаме како сме упатени едни на други, како зависиме едни од други, како сме заедно во ова и како само заедно можеме да ја преживееме ова неволја која ни се случи и како повеќе од кога и да било би требало да сме „НИЕ“.

Според првичниот план песната требало да излезе на пролет, но заради пандемијата се било одложено за некои подобри времиња.

“Со оглед на тоа дека подобрите времиња бавно доаѓаат, животот оди понатаму, а пандемијата, се чини, нема намера брзо да замине, животот и „ние“ мораме понатаму. Животот не не чека нас, па ниту „Ние“ нема да го чекаме, туку треба да живееме и работиме”, изјавува Дино и додава дека една од пораките на песната е дека не смееме да го губиме оптимизмот, вербата и надежта иако времето не е најсреќно, како и дека треба да си покажеме дека од лошите времиња можеме да излеземе како подобри и поблагородни луѓе.

Неодамна тој потпиша нов ексклузивен договор со Croatia Records.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com