Аца Лукас: Формирам фондација за лечење на зависности од дрога (Фото)

Аца Лукас до крајот на годината планира да основа фондација во која ќе се лечат зависници од дрога. Лукас секогаш отворено разговара за проблемите кои ги имал козумирајќи дрога и водејќи се од лично искуство сака да им помогне на млади луѓе кои на полесен начин ќе се изборат со ова зло. Браво за Лукас! “Баш поради тоа што и сам имав проблеми со конзумирање дрога. Јас сум компентентен да говорам за тоа, и на правилен начин им помогнам на оние кои маки мачат, а од кој јас одамна се решив. Ова е вистинска работа која ја работам, а да немам никаква корист од тоа”, истакнал Лукас и вели дека единствена сатисфакција ќе му биде секој излечен човек. На прашањето дали навистина е можно да се излечи, Аца одговорил: “Тешко е, но возможно е. Јас не користев хероин и ја немав таа врста на пропаѓање на организмот, мозокот… се. Но како човек во сериозни години, кој има семејство, деца… сфатив дека тоа е болест и дека морам да се излечам и го направив тоа”, одговорил Аца Лукас.

Аца ЛукасПодготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...