Брена и Саша Поповиќ го продадоа “Гранд”

Како што пишува српски “Новости”, Лепа Брена, Саша Поповиќ и Слободан Живоиновиќ кој е сопруг на Брена, ги продадоа 49-те проценти кои се во нивна сопственост во најпознатата продукција на Балканот. “United Media” која што од 2014-та година го има пакетот на 51 проценти од акциите од “Гранд продукција” станува целосен сопственик на оваа позната продукција. Од “Гранд” пак досега немаат изнесено никакви коментари во врска со оваа информација.

Како што српските медиуми пишуваат, Саша Поповиќ и Лепа Брена и овој пат имаат заработено 15 милиони евра, онолку колку што заработиле и пред пет години. Целокупната трансакција на продажбата би била завршена до крајот на оваа година, што значи дека од 2020 година оваа продукција ќе има нов сопственик, а што би значело тоа за веќе започнатите проекти кои веќе се во тек ќе видиме.

Делот на Поповиќ во сопственичката структура изнесува 24 проценти со тоа што тој би заработил 7.350.000 евра, додека пак познатата пејачка има 25 проценти сопственост и таа би била побогата за 7.650.000 милиони евра.

Повеќе на Музика24...