Цеца за следната година вели: “Ќе се омажам пред Анастасија”

Светлана Цеца Ражнатовиќ призна дека сите нејзини желби се исполнети освен една, која ја има за следната година.

“Би сакала да се омажам. Се друго што требаше да направам – направив… Се што требаше да постигнам е тука и веќе го имам”, ќе изјави таа низ смеа, додавајќи:

“Ќе се омажам пред Анастасија, зашто треба да се знае кој е постар. Таа е сè уште млада, нека си го чека својот ред”. Тогаш Цеца објасни дека се шегува, како и дека знае како тоа изгледа, со оглед на тоа дека веќе пробала.

“Тоа е најубавата работа што може да и се случи на една жена, да ја најде вистинската личност со која може да ужива во животот и да се чувствува како принцеза. Исто така, преку моето созревање и животно искуство сфатив дека за среќа не ми е неопходен маж и дека сум навистина среќна со моите деца”, рече Цеца, додавајќи:

“Љубовта не се бара, таа се случува или не се случува. Како бракот. Јас не брзам. Јас сум исполнета и среќна, иако немам партнер. Напротив! Се организирав така како што сакав и навистина сум задоволна од себе”. Приватно и деловно, годината и била одлична, но и недостасувало малку повеќе одмор. Затоа, Цеца вели дека ќе се обиде да си обезбеди повеќе денови за одмор во наредната година.

“Имав неколку одлични моменти, одлични концерти, одлична посетеност… Не сакам многу да зборувам за моите деловни успеси, претпочитам делата да говорат за мене. Но, ако ме прашате, јас сум среќна на крајот на годината. Би сакала да украдам малку повеќе од летото во 2020 година и да одморам малку повеќе. Со години морето и палмите ги гледам само на слики”, низ насмевка завршува Цеца.

Повеќе на Музика24...