Денис Теофиков и Малката снимија интересна љубовна поп-фолк песна за коронавирусот (Видео)

Во текот на вчерашниот ден на официјалниот YouTube канал на музичката ТВ Планета беше пуштена најновата песна на Денис Теофиков и Малката насловена “И това ште отмине”, песна посветена на сето она што сега ни се случува, коронавирусот, карантинот, изолацијата…

Интересна певлива песна, со уште повпечатлив видеоспот каде се носат заштитни маски, ракавици, се поздравуваат со лакт, Денис и Малката аудио и видео делот го снимаат посебно и одвоено… во секој случај одличен и комплетен аудио и видео продукт кој што е токму за ова време кога ни се случуваат сите оние чудни работи со кој се соочуваме секојдневно.

Да не пишуваме повеќе, ве оставаме сами да го преслушате и погледнете нивниот најнов хит, посветен на коронавирусот, самоизолацијата, но и на љубовта во сето ова лудило. Песната е комплетно дело на Diamond Beat Production.

Повеќе на Музика24...