ДесиСлава со песната “Вторник беше” упати силна порака кон женскиот пол (Видео)

Долгоочекуваната премиера на најновата песна на Десислава, веќе е факт. Песната се вика “Вторник беше” и вчера се појави на YouTube каналот на Планета ТВ.

Мелодичното парче кое брзо успеа да ги воодушеви обожователите на овој жанр музика е дело на самата изведувачка, со аранжман на композиторот Даниел Ганев. Емотивниот текст кој ја прикажува болката после разделбата на две вљубени души е на поетесета Мариета Ангелова. Видеото е дело на режисерот Виктор Антонов.

Очекувањата за овој проект се големи и од страна на ДесиСлава и од страна на нејзините обожователи, затоа што последната песна “Много съм добра” излезе минатата година во октомври, а потоа се појави дуетот со Фики “Да вдигнем шум”.

За што станува збор, погледнете во продолжение:

Подготви: Наташа Секуловска/Estrada world

Повеќе на Музика24...