Ѓорге Давид е заразен со Коронавирус (Фото)

Српскиот рок-музичар Ѓорге Давид денеска на социјалните мрежи потврди дека му е дијагностициран Корона вирус.

“Потврдено ми е дека сум позитивен на Ковид-19. Очаен сум. Вирусот ќе помине… но болницата… Како да си во затвор или во војска. Луѓе чувајте се, Ве молам”, напиша Ѓорге Давид. Имено кај Ѓорѓе Давид се појавиле повеќето симптоми на вирусот како висока температура, воспалние на белите дробови и кашлање.

“Ова ми е прв пат во болница. Што значи дека кога некој со добро здравје може да заболи, сите треба да се свесни дека секому може да му случи”, додава пејачот. Давид стана актуелен и познат на пошироката јавност откако се приклучи на жирито на “Ѕвездите на Гранд”. Во својата кариера настапувал со повеќе бендови како “Генерација 5” и “Deathsaw”.

Многумина од пријателите и колегите помеѓу кои: Снежана Ѓуришиќ, Драган Стојковиќ – Босанац, Јелена Томашевиќ, Ивана Петерс итн. му упатија поддршка и желби за побрзо оздравување.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.