Драгана Мирковиќ одржа незаборавен концерт на Ушче во Белград

Неверојатно шоу им приреди на обожавателите на српската музика една од најомилените и најпопуларните пејачки – Драгана Мирковиќ, која одржа спектакуларен концерт на стадионот “Ушче” во Белград, Р. Србија по повод “Music Week Festival 2019”.

Балканската легенда ги израдува сите свои фанови која бројка надминуваше над 100.000, но и сите останати со феноменално BEST OF шоу, вклучувајќи ги најголемите хитови на ѕвездата од почетокот на кариерата се до денес.

Имено, Драгана уште еднаш докажа дека е права ѕвезда, особено кога станува збор како треба да изгледа еден концерт во кој целосно ќе може да ужива публиката од почеток до крај, воедно претставувајќи ја својата најнова песна “Замена”.

Автор: Наташа Секуловска/Естрада ворлд
Фото: Дамир Дервишагиќ и Добричиќ

Повеќе на Музика24...