Драгана Мирковиќ пеејќи на playback заборави дел од своја песна (Видео)

Пејачката Драгана Мирковиќ важи за една од најпознатите пејачки во регионот, а доказ за тоа се рекордите на нејзините концерти. Таа во својата кариера има многубројни хитови кои ги пее заедно со фановите на нејзините концерти. Нејзините фанови ги знаат и нејзините песни од 80-те и понекогаш бараат Мирковиќ да ги пее на настапите.

Меѓутоа, деновиве во првото издание од новата сезона на емисијата “Максимално опуштено”, емисија која се емитува на ДМсат (нејзината телевизија) Мирковиќ доживеа мал блам, па се посрамоти пред публиката. Таа заборави дека песната “Само да те видим” има и трета строфа, па додека пееше на playback се збуни и праша: “Има ли трета строфа?”, па продолжи да игра и повторно праша: “Што ќе правиме сега?”.

Оваа случка не ја спречи да продолжи да танцува и да смее сама на себе затоа што заборави дека нејзината песна има трета строфа. Бидејќи емисијата се емитуваше во живо, ова не ќе можете да го погледнете во готовата тв емисија веќе пуштена на официјалниот YouTube канал на телевизијата, која очигледно е измонтирана за да не се забележи она што другите го забележаа.

Целата ситуација погледнете ја во видеото подолу.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.