26 годишниот Андреј Дориќ од Нови Сад кој се смета за двојник на Тоше поради неговата физичка сличност, формирал свој трибјут бенд во негова чест. “Тоше Проески Трибјут бенд” својот прв настап ќе го има на 12-ти ноември во новосадски клуб. Како што наведуваат од клубот поради пандемијата е ограничен капацитетот на присутните.
Членови на трибјут бендот Андреј, Бојан, Горан, Дуле, Денис и Трба се искусни музичари од кои дел имале можност да соработуваат со Тоше.