Елена Петреска во трката да го претставува Сан Марино на “Евровизија“ 2018

Поп-пејачката Елена Петреска е меѓу кандидатите за избор за преставник на “Евровизија“, на малечката држава на Апенинскиот полуостров, Сан Марино. Сан Марино во соработка со  продукција “1in360 LTD“ од Лондон, избира преставник од која било држава, кој би ги преставувал Сан Марино  на “Евровизија“ 2018. Елена се претставува со песната “Нешто“ која ја отпеа на “Макфест“. Покрај Елена од Македонија во трката да го претставуваат Сан Марино се изведувачи од: Австрија, Мексико, Луксембург, Свазиленд, Белгија, Италија и др. https://www.youtube.com/watch?v=q2F8DLEasJs Подготви: Филип Етмишовски
Повеќе на Музика24...