Екс тапанарот на “Парни Ваљак” осуден на четири и пол години затвор

Поранешниот тапанар на хрватскиот бенд “Парни Ваљак”, Дражен Шолц првостепено е осуден на казна затвор од четири и пол години. Шолц кој во Хрватска е прогласен за најдобриот тапанар во последните 25 години на 22 септември 2017 година во Загреб под дејство на алкохол и дрога усмртил 34-годишен пешак и заминал од местото на несреќата.

Шолц изјави дека не се чувстува виновен, во моментот на несреќата помислил дека некој фрлил торба на неговиот автомобил. Во крвта и мочта освен алкохол пронајден се и метаболит кокаин и имунодулатор левамисол кои се чести состојки на смеса кокаин. Освен затворска казна, Општинскиот кривичен суд во Загреб му изрече забрана за управување со возило од сите категории во траење од 5 години, која започнува да тече откако ќе ја отслужи казната.

Шолц во својата долгогодишна карирера настапувал со култни бендови и музичари како: “Парни Ваљак”, “Прљаво Казалиште”, Џибони, “Психомодо поп“ итн.

Повеќе на Музика24...