Ѓорге Давид ја доби битката со Covid-19 (Фото)

Српскиот рок-музичар Ѓорѓе Давид отпуштен е од болничко лекување од како беше излечен од Корона вирусот. Давид помина околу 2 седмици на клиниката за пулмологија во Белград. Давид најавува дека и следните денови останува во домашна изолација.

“Доме сладок доме! И ова некако го пребродив. Скапо платено школо! Фала д-р.Самарџиќ, д-р.Аџиќ и на сите медицински сестри, хигиеничарки. Вие сте лавици. Да не се повтори”, напиша Давид на социјалните мрежи.

ФОТО: ATA Images

ФОТО: Antonio Ahel/ATAImages

Ѓорге Давид беше хоспитализиран и доби дијагноза на 26-ти март кога објави:

“Потврдено ми е дека сум позитивен на Ковид-19. Очаен сум. Вирусот ќе помине… но болницата… Како да си во затвор или во војска. Луѓе чувајте се, Ве молам”, напиша Ѓорге Давид.

Фото: ATA Images

Повеќе на Музика24...