Балканленд

Гвен Стефани и Блејк Шелтон наскоро ќе се венчаат

По се изгледа светски познатата поп пејачка Гвен Стефани и кантри пејачот Блејк Шелтон конечно се подготвени да се венчаат. Како што пишуваат светските медиуми, тие во четвртокот поднеле барање за дозвола за склучување брак во Оклахома, објави „ТМЗ“, додавајќи дека тие веднаш добиле зелено светло.

Овој потег значи дека парот најверојатно ќе се венча наскоро, бидејќи дозволата важи само 10 дена. Според извори блиски до музичката двојка, тие планираат да стапат во брак во сабота во ранчот во Оклахома, сопственост на Блејк.

Инаку, Гвен и Блејк се запознаа на снимањето на популарното талент-шоу „The Voice” во 2014-та година, а една година подоцна ја започнаа нивната романса. Гвен претходно беше во брак со рок-музичарот Гевин Росдејл, со кого има и три деца, додека Блејк зад себе има два брака.

Можеби ќе ве интересира: