“Хајде да лудујемо” отпеана од познати балкански музички имиња во домашни услови (Видео)

Познатиот хит на Татјана Матејаш Камерон, попозната по својот надимак Тајчи “Хајде да лудујемо” со кој во 1990 година настапи на Евросонг и денес се пее, поради ритамот и заразната мелодија по која лудуваат дури и најмладите. Со оваа песна пораснаа многу генерации, а токму некои нови генерации се најдоа и меѓу своите постари колеги пејачи, па така сите заедно ја снимија новата верзија на песната.

Покрај Тајчи, која за потребите на спотот пред самиот крај го облече и добро познатиот мини фустан во кој настапуваше, и кој се уште и стои одлично, песната ја отпеа и нејзината помлада сестра Сања Матејаш, а тука беа и Алка Вуица, нашата Тијана Дапчевиќ, Фрајле, сестрите Ивана Хусар Млинац и Марија Хусар Римац, Доменика Жувела, Миа Димшиќ како и познатата американска блогерка Кристина Кузмиќ.

“Хајде да лудујемо” е песна на хрватската пејчака Тајчи објавена во 1990 година на истоимениот албум. Песната на Тајчи и донесе голема слава на подрачјето на поранешна Југославија. Песната ја напишаа Зринко Тутиќ и Алка Вуица. Пратечките вокали ги пее Милана Владовиќ.

Тајчи песната ја претстави во поранешна Југославија во Загреб во 1990 година, а на евровизија ја отпеа 15-та по ред, а на крајот од гласањето доби 81 поен, освојувајќи го седмото место од 22 држави.

Повеќе на Музика24...