Балканленд

Хит песната “Умирем мајко” од Драгана Мирковиќ украдена од позната латино пејачка (Видео)

Неодамна на балкански познатата фолк пејачка Драгана Мирковиќ која зад себе има многубројни хитови и голема музичка кариера, и е украден дел од песната “Умирем мајко”, кој патем постои уште од 1992 година. Младата украинка Мишел Андраде искористила дел од оваа позната фолк песна и ја вметнала во една од своите песни, по што всушност и се прослави на овие простори.

Интересно во целата приказна е што младата пејачка е родена во 1996-та година, односно, четири години по излегувањето на овој добро познат балкански хит. Освен тоа, оваа млада девоја е позната во земјата каде е родена, а меѓудругото таа одлично пее шпански, руски и португалски песни и на музичката сцена е активна од 2013-та година. Освен со пеење, таа спортува, одлично танцува и свири на клавир. Украинците за прв пат ја запознаваат со нејзиното учество во музичкото реално шоу “X Factor”.

Што вели за ова српската фолк пејачка Драгана Мирковиќ се уште не знаеме, но нејзините верни фанови веќе ја имаат известено и се очекува реакција од нејзина страна во наредниот период.

За која случајност станува збор, преслушајте ги свете песни и ќе ви стане многу појасно:

https://www.youtube.com/watch?v=CsLydBPRq7I

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: