Холивудски ѕвезди дел од елитната прослава на фолк пејачката Драгана Мирковиќ (Фото)

Српската мега ѕвезда Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ, после многу години реновирање на средновековниот дворец Ebenfurt кој се наоѓа во близина на Виена, а кој е во нивно сопствеништво, ги отворија вратите по повод прославата на полнолетството на нивниот син Марко.

На забавата присуствуваа многу гости, меѓу кои и холивудските ѕвезди како што се Арнолд Шварценегер, Жан Клод ван Дам, Силвестер Сталоне и многу други.

“Ви благодарам драги пријатели на честитиките по повод полнолеството на Марко. Како мајка ме изненадивте, усреќивте и ме разнежнивте. Фала уште една од срце”, изјави Драгана Мирковиќ.

Во прилог погледнете фотографии како дел од прославата:

Подготви: Наташа Секуловска/Estrada world

Повеќе на Музика24...