Хрватската пејачка Тереза Кесовија го прослави 81 роденден

Хрватската музичка дива Тереза Кесовија наполни 81 година. Со песна, славеничка торта, многу цвеќиња и подароци, таа го прослави роденденот. Забавта беше во кругот на семејството. Легендарната пејачка од Дубровник, Тереза Кесовија на музичката сцената е присутна 60 години. Првпат запеа на фестивалите во Опатија, Сплит, Загреб, Сараево и Белград.

Нејзините песни беа популарни од Вардар до Триглав во времето на поранешна Југославија, но песните се незаборавни и денес, како “Пријатели стари каде сте”, “Младост мојата убава радост”, “Ноно добар мој ноно”, “Старите љубови”…

Тереза, приватно, зад себе има два брака, го има 57-годишен син Алан, внуката Мила, снаата Љиљана. Пејачката е позната и како голем вљубеник во животните.

Повеќе на Музика24...