Игор замина во Загреб, а Севе не го пушти да влезе во станот

Долго време се шпекулираше дека во бракот на Северина и Игор Којиќ не цветаат рози, а во последно време ги следат бројни гласини. Според последната, објава од соседите на пејачката од Загреб, Игор наводно дошол во зградата на Северина со намера да ја посети, но таа, како што се велат соседите, не го пуштила да влезе во станот.

“Игор го видоа повеќе од нас тука пред зградата на Северина. Нешто се моташе наоколу, излегуваше од автомобилот, гледаше во нејзиниот правец, но тој не влезе во влезот. Го видовме дека телефонира со некого, т.е. сигурно со неа, но таа не го пушти да влезе во станот. Не знам дали се сретнаа после тоа, бидејќи никој од соседите не ги виде заедно. Едно е сигурно, а тоа е дека момчето сакаше да се видат, тие сигурно имаат некои проблеми, но таа не сакаше да се сретне. По половина час чекање, Игор влезе во неговиот автомобил и си замина. Не го видовме подоцна да се врати. Сите искоментиравме колку е чудно што сопругата не го пушта да влезе во станот, ако се уште се заедно. За нив се слушнати многу приказни, а само тие знаат која е  вистина”, изјавиле соседите на Северина за српски “Телеграф”.

“Еве, целото наше соседство зборува за неа и за нејзиното однесување. Не знаеме зошто не сакаше да му ја отвори вратата на Игор. Тој навистина се однесуваше културно, не поздравуваше и беше очигледно дека на човекот му е непријатно затоа што сите гледавме во него, мислејќи дека Севе ќе излезе во секој момент. Сепак, ништо од тоа. Кој знае што се случува таму”, заклучија соседите за српските медиуми.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com