Јосипа Лисац со низа настани ќе одбележи 30 години од смртта на нејзината најголема љубов

Јосипа Лисац најави специјални проекти за одбележување на 30-годишнината од смртта на композиторот, музичар и нејзиниот животен партнер Карло Метикош (познат како Мет Колинс).

„Сигурно ќе биде посебно и убаво. Секако, имам идеи што им се допаднаа на моите колеги и сите ќе ги реализираме до 10-ти декември, на самата годишнина.“ – изјави Јосипа.

Љубовната приказна на Јосипа Лисац и Карло Метикош е една од најчесто раскажуваните. Тие се запознаа на 6-ти февруари 1971 година во Петриња на еден настап, и се за заљубиле на прв поглед. И 30 години по смртта на Карло, секој концерт на Јосипа е посветен на него и нивната љубов, која како што вели е сè уште жива. Таа судбоносна љубов е овековечена и со легендарниот албум „Дневник једне љубави“ од 1973 година.

На првата годишнина од смртта на Карло, во 1992 година, се одржа концерт насловен „Ритам кише“, според неговата истоимена песна. На десетгодишнината од неговата смрт, во 2001 година, Јосипа настапи со десет свеќи на сцената и еминентни музичари. По повод 20 години од смртта, таа одржа необичен концерт наречен „Живот је мост“. Концертот се одржа во театарот „Керемпух“, каде се прикажа документарец за Метикош со акцент на неговата рок фаза од 60-тите години, неговите почетоци, како и видео од Африка. По тој повод, Кроација рекордс издаде специјално издание составено од двојно ЦД со песни од времето на најголемата популарност на Колинс, заедно со книгата „За два ковчега славе“.

 

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com