Кабаре на „Фолтин“ и Елена Моше на фестивалот „Гола месечина“ (Видео)

Од вечерва до 3-ти октомври ќе се одржува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“, кој е во продукција и организација на НУ Театар Комедија, а под генерално покровителство на Општина Аеродром.

Во текот на шесте фестивалски вечери публиката ќе може да гледа пет претстави од домашни продукции и еден стенд-ап настап. Во петок на 2-ри октомври ќе се изведе кабарето „Како мене Пјаф“ во изведба на Елена Моше, актерка од НУ Народен театар – Битола и групата „Фолтин“. Претставата е во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Народен театар Битола и „Арт медија“

Фестивалот ќе се одржува под посебни протоколи за одржување настани на отворено, на сцена поставена на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром. Влезот за публиката и годинава е бесплатен, со тоа што ќе може да се влезе само со приложување билет поради ограничениот број на седишта, а бесплатните билети ќе може да се подигнат од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.

Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за посетителите, кои ќе мора да носат заштитна маска, ќе биде отворен од 19 часот.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com