Балканленд

Калиопи вечерва на МАС ќе отпее легендарната “Роџени”

После неколку месечно гласање за категориите предложени од организаторот на второто издание на едно од најголемите музички спектакли на Балканот, Music Awards Ceremony (MAC2020), вечерва стартуваше неофицијалниот дел каде што се дочекуваат изведувачите, наградените и сите оние кои ќе се појават и ќе настапат на големата музичка сцена.

Меѓу многубројните музички познати имиња кои се појавија на таканаречениот црвен тепих пред самиот влез, се појави и македонската позната и сеуште популарна на Балканот, и пошироко, нашата Калиопи. Таа во разговор со водителот истакна дека и е мило што ќе учествува на ова второ издание од МАС и дека заедно со својата екипа со која изминатиот период поминаа голем број на концерт, вечерва за публиката и гледачите ќе ја отпее легендарната и препознатлива “Роџени” или како што сите ние ја знаеме “Бато”.

Музика24 како еден од медиумските покровители од Балканот во текот на вечерва ќе Ве известува за сите случувања поврзани со второто издание на  Music Awards Ceremony (MAC2020).

Можеби ќе ве интересира: