Кичо Слабинац во тешка здравствена состојба после операцијата на срцето

Победникот на “Макфест” во 1989 година, хрватскиот пејач Крунослав Слабинац – Кичо е хоспитализиран во тешка здравствена состојба после операција на срцето во единицата за интензивна нега на КБЦ Загреб. Имено до компликации дошло поради прекумерната тежина со која Слабинац се бори последните неколку години.

“Сите очекувавме дека за неколку дена ќе излезе од болницата и дека ќе биде добро, а потоа дознавам од неговиот син Иван, дека ситуацијата не оди како што треба. Денес дознав дека Кичо е сега на респиратор. Секој ден му праќам смс-пораки, но гледам дека тој не ги отвора пораките”, изјави неговиот менаџер и познат хрватски пејач Душко Локин.

Во 1971 година Кичо Слабинац беше  претставник на Југославија на Евровизија со песната “Твој дјечак је тужан”. Особено е познат по големиот југословенски хит “Због једне дивне црне жене”. Македонската публика се сеќава на неговите македонски песни “Летај ми гулабе” и “Не враќај се, не буди ме”.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com