Кога ризикот се исплатува – мини филм од Емилија и Денис Теофиков (Видео)

Емилија која е добро позната на македонската публика со својот “ангелски глас” заедно со новото пополнување во редиците на музичката компанија “Пајнер” – Денис Теофиков ги изненадија пријатно сите љубители на поп-фолк музиката со нивниот прв дует.

Песната “Акула” ја претставија со минифилм во кој покрај нив, главни улоги имаа и актерите Башар Рахал и Михаела Велкова, кои се погрижија видеото да изгледа како минисерија, во која љубовта има непроценлива вредност пред богатството и славата.

“Ризикувавме и го направивме. Завршивме еден голем и многу различен проект за мене и за Денис. Шест дена снимања, шест дена многу чувства и емоции. Сите ние немаме трпение да излезе и вториот спот и да го завршиме проектот и сите да го видат крајот. Благодарам од срце на сите нашите слушатели и обожаватели за поддршката и позитивните коментари. Се беше реализирано заради Вас и ќе му кажам на мојот сопруг само едно: Те сакам!”, сподели Емилија за телевизија Планета, најавувајќи го и вториот дел од проектот кој се очекува да излезe наскоро.

Музичкиот проект е со музика и текст на Diamond Beat Production и Анастасија Мавродиева, додека пак видеото го изработи Виктор Антонов, а во прилог погледнете за што станува збор:

Подготви: Наташа Секуловска/Estrada world

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.