Прочитајте: Кому Дино Мерлин ја посветил песната “Мој је живот Швицарска” (Видео)

Познатиот музичар Дино Мерлин денес е среќно оженет, но како млад човек се соочил со голема тага кога неговата девојка со која бил заедно долги години го оставила за богат маж. Таа одлучила да го напушти и да отиде со богато момче во Швајцарија, додека Дино останал сам и тажен, пишува порталот Пинк.рс.

Кога се прославил неколку години подоцна, истата девојка се вратила во Сараево за него, а тогаш тој и ги пеел своите стихови кои со години ги пее целиот регион: “Имам се што ќе посакам, само едно не, некој барем за момент да ме сака поради мене”.

Како што веќе знаете, станува збор за песната “Мојот живот е Швајцарија” (“Мој је живот Швицарска”).

Повеќе на Музика24...