Балканленд

ВИДЕО: Концертот на „Галија“ во Хераклеја објавен на YouTube

Сцена продукција објави снимка од целиот концерт на култната рок-група „Галија“, насловен „Акустично како некогаш“ кој се одржа на 3-ти септември 2020 година во битолска Хераклеја. Снимката односно преносот во живо го реализираше Стојан Стојановски со неговото 2С студио во соработка со Dream Cast продукција а на платформата Livestream.mk. Тимот го предводеше Стојан Стојановски кој беше режисер и миксер, Александар Котевски и Никола Митревски беа зад камерите, дронот го управуваше Дамјан Гугучевски а асистент миксер беше Јасмина Колоска. Со ова се овозможи концертот трајно да биде достапен во видео и аудио форма за сите обожаватели на бендот но и сите останати.

Овој пренос во живо т.е. во случајов интерен пренос и објавен после 1 година беше реализиран како дел од поддршка на настани во живо во Македонија за време на Корона кризата во 2020 година. Тимот на 2С реализираше над 40 преноси во живо/снимања интерно во текот на 2020 година, сите целосно поддржани од 2С/Лајвстрим.

Сцена продукција во 2020-та и 2021-ва година реализираше и концерти на: „Нокаут“ со Игор Џамбазов и Венко Серафимов, „Дивље јагоде“, „Љубојна“ како и мини турнеја на „Галија трио“. Наскоро и овие концерти ќе бидат достапни за пошироката јавност.

Можеби ќе ве интересира: