Криско ја промовираше новата песна “Да или Не” (Видео)

Во текот на вчерашниот ден, познатиот и популарен бугарски хип-хоп артист Криско, на својот YouTube канал, а истовремено и на неколку други, ја промовираше најновата песна “Да или Не”, а воедно и видео спотот за истата. Интересен, на моменти смешен и динамичен видео спот, мора да признаеме, нешто што на нашите простори досега и не е баш видено, секоја чест за оргиналната идеја.

Како што вели и самиот Криско, во оваа песна е искористен семпл од друга песна на Fantasy Group. Веруваме дека “Да или Не” ќе биде голем хит, како кај нашите соседи, така и кај нас, знаејќи дека често пати овој познат артист има гостувано со настапи и концерти во дел од Македонија.

Интересно е тоа што со самото промовирање на видео спотот, Криско ги мотивира сите млади кои сакаат да заработат или добијат 1500 евра (3000 лева) од компанијата спонзор на видео спотот Tiger Energy Drink. А како тоа можете да го направите. Пред се треба да сте премногу креативни, и имајте на ум дека треба да бидете брзи, интересни, смешни, и… да ја смислите и снимите најоргиналната идеја.  А за што станува збор.

Криско вели:

-Снимете Ваш клип на песната “Да или Не” во кола со Ваши другари, пријатели, познаници (изборот е ваш)

-Истиот клип откако ќе го снимите, ставете го на YouTube со хаштагот #dailine во објаснување на вашето видео.

-И она видео кое што ќе има најмногу гледаност до 15-ти септември ќе ја добие наградата од 1500 евра (3000 лева) од спонзорот на оргиналното видео Tiger Energy Drink. Напомена, ако не можете да возите додека го снимате видеото, тогаш истото можете да го направите и без возилото да е во движење.

Доколку сакате и вие да учествувате и да ја добиете паричната награда на крајот од летото, доколку сте креативни и сметате дека вие и вашите пријатели би снимиле смешен и интересен видео клип на песната “Да или Не”, тогаш што чекате. Организирајте се и времето е на Ваша страна.

А во продолжение, погледнете го смешниот, интересен и оргинален видео спот за најновата песна на Криско “Да или Не”.

Уживајте!

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.