Лејди Гага доаѓа во Србија

Според пишувањата на српските медиуми, Лејди Гага наскоро доаѓа во Белград на наговор на нејзината пријателка Марина Абрамовиќ која после 44 години ќе има самостојна изложба во Србија. Изложбата “Чистач” со повеќе од 120 изработки ќе биде одржана во Музеј за современи уметности од 21-ви септември до 20 јануари 2020 година. Доаѓањето на светската ѕвезда го најави и директорот на музејот Слободан Накарада.

“Имаме најава дека пријателите на Марина ќе дојдат на некое време. Сите ме прашуваат дали ќе дојде Лејди Гага. Можеби, не знаеме уште. Ова ќе биде најголем културен настан, која Србија го чекаше долго време”, вели директорот. Инаку, ова ќе биде втора посета на Лејди Гага во Србија. Прв пат беше кога го посети својот свршеник кој снимаше филм.

Повеќе на Музика24...