Лепа Брена и ја подари својата црвена шапка на Тамара Тодевска

Некаде во средината на музичкиот спектакл, кога се разбира после секоја музичка нумера има и по некој разговор, македонската пејачка Тамара Тодевска која вечерва на МАС2020 има улога на водител, разговараше со секогаш одличната Лепа Брена. И пред да го започне разговорот, Тамара ја праша дали може да ја добие одличната црвена шапка од Брена, со која таа ја подигна претходно наградата на сцена.

Откако Брена секако се согласи, Тамара и покрај тоа што имаше мал проблем околу тоа како и на кој начин да ја стави за да не падне, сепак, шапката одлично и стоеше, а нашата пејачка и водителка го продолжи разговорот со секогаш оргиналната фолк пејачка, која како и секогаш и овој пат беше вистински професионалец.

Повеќе на Музика24...