Балканленд

Лепа Брена ја продава луксузната куќа во Белград (Фото)

Познатата балканска фолк пејачка Лепа Брена и нејзиното сопруг Боба Живојиновиќ одлучиле да ја продадат луксузната куќа на “Бежаниска коса” по цена од два милиони долари.

Семејството Живојиновиќ веќе долго живее во оваа убава и голема куќа, но сега таа станала преголема за Брена и Боба, по што тие се договориле да си купат помала во една од белградските населби Дедиње или Сењак. Куќата се уште не ја огласиле во агенции, туку само ги информирале пријателите од кои побарале да ја пренесат оваа информација .

“Кога Брена и Боба ја купувале куќата на Бежаниска коса гладеле таа да биде што поголема поради децата. Во текот на времето дури куќата и ја надградувале, па сега истата е една од најголемите во оваа елитна населба во Белград. За луксузот да не зборуваме. Материјалите од кои е градена се супер квалитетни, внатрешноста е прекрасна и се гледа дека многу пари се вложени во неа. Цената од два милиони евра е реална и на место. Одлуката за продажба ја донеле неодамна, така што само мал број на луѓе знаат за тоа”, изјавил за медиумите добро информиран извор.

Брена и Боба размислуваат за преселување во помала куќа поради тоа што нивните деца се веќе осамосталени.

“Прво се отсели Филип, а пред неколку месеци и Стефан си купи стан во кој живее. Во вилата на “Бежаниска” останаа само Брена, Боба и Виктор, кој најверојатно исто така брзо ќе замине во свој стан”, дополнил изворот.

Можеби ќе ве интересира: