Лепа Брена после 31 година повторно на концерт слета со хеликоптер (Фото+Видео)

Пред нешто повеќе од три децении, таа слета со хеликоптер на стадионот „Васил Левски“ во Софија, и со тоа им даде “домашна задача“ на многу светски sвезди од тоа време. Сцената во која Лепа Брена излегува од хеликоптер додека публиката во транс ги пее нејзините песни влезе во историјата на регионалната музичка сцена, а оваа сабота доаѓањето на Брена во шоуто на „Студио“ на РТС 1 ќе замине во историјата на телевизијата во оваа област. Брена ќе ја повтори познатата сцена и ќе слета со хеликоптер во шоуто на 10 април во 21 часот.

“Многу е полесно и попрактично да се дојде на концерт со хеликоптер, наместо со автомобил”, се пошегува Брена додека излегуваше на пистата со натпис „Студио“.

За потребите на шоуто „Студио“, Лепа Брена влезе студио на снимање, по пауза од една година, и заедно со продукцијата Sky Music направи нови аранжмани за нејзините најголеми хитови.

“Навистина треба да се подготвите за вакво шоу, треба да бидете креативни, да внесете многу душа и многу емоции и мислам дека публиката ќе ја препознае целата наша љубов и нашите напори да им покажеме нешто различно од сè досега. Оваа емисија има повисоко ниво на продукција и им се обраќа на луѓето на поинаков начин. Суштината е да се шири музика, добри вибрации и љубов меѓу луѓето кои се занимаваат со ваков вид уметност”, додаде Брена.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com