MAC доби престижна меѓународна награда

Манифестацијата  Music Awards Ceremony (MAC) во Милано, Италија го доби престижното меѓународно признание BEA (Best Event Awards). Креативноста, иновациите и регионалното значење на настанот беа пресудни критериуми MAC да се најде меѓу добитниците на наградата во силна конкуренции на манифестации од над 30 земји.

Единствената регионална церемонија која ги обединува доделувањето на признанија и настапи на изведувачите низ најсовремен музичко-сценски израз и врвна сценска продукција, MAC, освои трето место во категоријата музички настани.

Глобалното натпреварување на кое се бираат најдобри настани на годината и најдобри локации, го организира ADC Group. Ова беше 14-то по ред доделување на наградите, а во склоп на Bea World фестивал.

Жирито  за награди го сочинуваа врвни професионалци за маркетинг и комуникации, односно носители на одлуки во најголемите мултинационални компании во светот, како Oriflame, Lavazza, Lego, Airbus, Ferrari, Bayer итн. Во име на MAC наградата ја прими Миленко Скариќ, основач и сопственик на “Skymusic”, во чија организација и продукција се приредува MAC.

“Ова е прво меѓународно признание за MAC и ние сме многу среќни. Горд сум на целиот тим “Skymusic” кој верува во идејата дека е можно да се обедини регионот со еден музички настан на највисоко ниво на производство. Натпреварот во Милано беше жесток, се натпреварувавме со музички настани од скоро сите земји во светот, но жирито го призна нашиот квалитет. Ова признание е исто така поттик за нас да бидеме уште подобри следната година”, рече Скариќ.

Настанот MAC неодамна влезе во финалето на уште две меѓународни награди – Eventex и Германски награди за брендови, а победниците на двата настани ќе бидат објавени во март, односно јуни 2020 година.

Фото: Skymusic
Автор: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.