Балканленд

Македонија ќе настапи во првото полуфинале на “Евровизија“ 2018

Европската радиодифузна унија ги распредели земјите учеснички на “Евровизија“ 2018 во двете полуфиналиња. Македонија ќе настапи во првото полуфинале на 8 мај заедно со: Белорусија, Литванија, Албанија, Бугарија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија, Кипар, Хрватска и Грција.

Додека во второто полуфинале на 10 мај ќе настапат: Србија, Русија, Данска, Романија, Австралија, Норвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Латвија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.

Подготви: Филип Етмишовски

 

Можеби ќе ве интересира: