Срам да ви е! Марија Шерифовиќ демантираше дека е во врска со Џејла

Во српските медиуми последниве денови се погласни се шпекулациите дека пејачката Марија Шерифовиќ е во емотивна врска со нејзината млада босанска колешка Џејла Рамовиќ, на кого исто така и била ментор на музичкото натпреварување „Sвездите на Гранд“. По бројните тврдења на некои луѓе кои наводно ја потврдиле љубовната врска на Марија иЏејла, Шерифовиќ се огласи.

„Не планирав да ги коментирам сите овие написи што ги преплавија медиумите во последните 5-6 дена. Сепак, бидејќи гледам дека сега започнаа да се вклучуваат измислените изјави на нашите семејства, морав да реагирам“, започна Марија и додаде:

„Никогаш не беше тајна дека по натпреварот се разви големо пријателство меѓу нашите семејства, кое нема да заврши поради нечии лоши или луди идеи или изјави“.

Марија ја демантираше приказната дека била во врска со Рамовиќ.

„Значи, сè што сте прочитале и што ќе прочитате е една голема лага. Има нешто што навистина ме изнервира, не е фер да ставаат зборови во устата на татко ми, човек кој моментално е во болница и чека операција. Значи, срам да ви е, поздрав до сите“, рече Марија.

Извор: Нова.рс

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com