Марија Шерифовиќ ќе учествува на алтернативната Евровизија

По откажувањето на овогодинешната Евровизија, ЕБУ објави дека тие ќе бидат домаќини на специјално ТВ-шоу наречено „Евровизија: Европа блесок на светлина“, со цел да ги промовираат сите уметници и нивните избрани песни за овогодинешниот натпревар.

Оваа специјална програма ќе се емитува во 45 земји во живо од Хилверсум, а  домаќини ќе бидат триото кое требаше да биде домаќин на Евровизијата во Ротердам. Најновиот учесник  на шоуто е победничката од 2007 година, Марија Шерифовиќ, која со песната „Молитва“ го одведе Евровизискиот натпревар во Србија во 2008 година. Марија ја сними својата победничка песна на празните улици на Белград, а ова видео ќе се претстави премиерно на 16-ти мај, за време на „Европа блесок на светлина“.

Повеќе на Музика24...